31 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ упати критики до градоначалниците Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски, барајќи итно решавање на проблемот со паркирањето во Ново Лисиче.
Од партијата посочуваат дека наместо најави за нова зона во Ново Лисиче – проект кој, како што велат, бил најавен уште пред четири години – градските власти треба да го одложат стартот на зонското паркирање во Реонски Центар и да обезбедат истовремено воведување на двете зони.
„Тоа е барањето на граѓаните“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението потсетуваат дека Митески во јули минатата година изјавил дека Општина Аеродром веќе изготвила проект и дека се чека одобрување од Град Скопје за синхронизирано воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.
„Граѓаните не забораваат. Истовременото воведување на зонското паркирање е предизборно ветување“, велат од партијата.
Од СДСМ предупредуваат дека трпението на жителите на Ново Лисиче е при крај и дека наместо препукувања за надлежности, надлежните институции треба да седнат и да донесат заедничко решение.
„Парцијалното воведување на зонско паркирање прво во Реонски Центар ќе предизвика дополнителен хаос во Ново Лисиче. Тоа и Митески и Ѓорѓиевски многу добро го знаат“, се наведува во реакцијата.
Партијата додава дека одложувањето на решението го зголемува револтот кај жителите и предупредува дека доколку не се преземат итни чекори, локалните власти ќе се соочат со незадоволството на граѓаните.
„Го повикуваме Дејан Митески да закаже итна седница на Советот на Општина Аеродром и заедно со Орце Ѓорѓиевски да го решат проблемот што самите го создадоа“, порачуваат од СДСМ.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

