21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) повика Владата итно да преземе конкретни мерки за намалување на цените на горивата и основните прехранбени производи, предупредувајќи дека граѓаните се соочуваат со сериозен пад на животниот стандард.
Во партиското соопштение се наведува дека растот на цените на горивата и храната веќе ја зголемил потрошувачката кошничка за околу 2.500 денари. Дополнително, како што посочуваат од СДСМ, индустријата бележи пад од 9,4%, додека задолжувањата на граѓаните и компаниите кон банките достигнале 9,1 милијарди евра.
Од партијата предупредуваат дека глобалните случувања може дополнително да ја влошат состојбата. Според нив, евентуално продолжување на конфликтите на Блискиот Исток може да предизвика зголемување на цената на нафтата и до 80%, што би довело до нов бран на сиромаштија и дополнителен притисок врз семејните буџети.
СДСМ ја критикува Владата за, како што велат, недоволна реакција во вакви услови.
„Недозволиво е цените секојдневно да растат, а Владата да не презема мерки за заштита на граѓаните и да одбива зголемување на платите“, се наведува во соопштението.
Од партијата велат дека имаат подготвено конкретни и применливи законски решенија кои, според нив, можат веднаш да се имплементираат:
СДСМ апелира Владата без одлагање да ги прифати предложените мерки, нагласувајќи дека секое одложување ќе значи дополнителен финансиски товар за граѓаните.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

