03 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, која деновиве учествува на Безбедносна конференција во Осло во Норвешка, преку социјалните мрежи упати јавна благодарност до норвешките вооружени сили за нивната брза и солидарна реакција по трагедијата во Кочани.
Во својата објава, Шекеринска изрази признание за тимот за медицинска авионска евакуација на Норвешки вооружени сили кој, како што наведе, обезбедил итен транспорт на повеќе повредени лица по несреќата.
„Благодарност до тимот за медицинска авионска евакуација на норвешките воени сили кои по трагедијата во Кочани обезбедија превоз на повеќе повредени. Го цениме пријателството и солидарноста во најтешките моменти“, напиша Шекеринска, проследувајќи ја пораката со знамињата на Македонија и Норвешка.
Објавата доаѓа во момент кога Шекеринска, како висок претставник на Алијансата, учествува на безбедносната конференција во Осло, каде се разговара за актуелните безбедносни предизвици, соработката меѓу сојузниците и улогата на НАТО во справување со кризни ситуации.
Гестот на норвешките вооружени сили, според неа, е уште една потврда за практичната солидарност меѓу сојузниците во рамки на Алијансата, но и за билатералното пријателство меѓу Северна Македонија и Норвешка, кое, како што посочува, се покажува токму во најтешките моменти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

