10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 9 март 2026 година, во 19:57 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово бил пријавен случај на семејно нарушување на јавниот ред и мир.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 21-годишно лице од околината на Гостивар пријавило дека во нивниот семеен дом неговиот татко, со иницијали Г.А., се однесувал агресивно кон членовите на семејството. Според пријавата, тој кршел предмети во куќата, барал пари од членовите на семејството и им упатувал закани.
Од МВР информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности со цел целосно расчистување и документирање на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

