05 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Дванаесетгодишно момче од Куманово подолг период било изложено на навреди, исмејување и психолошко малтретирање од свој соученик, а во еден случај било поттикнато да скокне од прозорецот на училницата.
Според информациите од полицијата, на 3 март 2026 година во 12:45 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово, 35-годишна жена од околината на Куманово пријавила дека нејзиниот 12-годишен син подолго време бил малтретиран во основното училиште каде што учел.
Според пријавата, соученикот често го навредувал и исмејувал нејзиниот син, а во една прилика го поттикнал и да скокне од прозорецот на училницата.
Мајката во пријавата навела и дека нејзиниот син го известил училишниот педагог за случувањата, но, како што тврди, не биле преземени никакви мерки, ниту пак таа била информирана за случајот.
Малолетникот бил подложен на медицински прегледи во болницата во Куманово и во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

