16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“. Истовремено, поднесена е пријава и против Г.Н. (60) од Тетово, осомничен за „помагање“ во извршувањето на делото.
Според информациите од полицијата, во текот на 2024 и 2025 година првопријавената во Тетово овозможувала користење сексуални услуги во помошен објект кој се наоѓал во рамки на куќа сопственост на второпријавениот.
Истрагата утврдила дека 60-годишниот тетовец свесно и со умисла ѝ помагал на осомничената, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект за извршување на дејноста.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Надлежните институции продолжуваат со понатамошни активности во рамки на законските процедури.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

