11 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави протест што ќе се одржи во сабота, на 14 март, со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје. Протестниот марш ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
Од ССМ информираат дека протестот се организира со цел да се испратат јасни пораки за подобрување на работничките права и условите за живот на граѓаните. Работниците, како што велат од синдикатот, бараат правда, сигурност и плата со која може достоинствено да се живее.
„Работниците бараат правда, сигурност и плата со која може да се живее достоинствено. Нема да се повлечеме додека тоа не стане реалност“, изјави претседателот на ССМ, Дарко Трендафилов.
Тој нагласи дека протестите се легитимен демократски инструмент за притисок кога институциите не реагираат на барањата на работниците.
Од ССМ најавуваат дека синдикалните активности ќе продолжат и во наредниот период доколку не се постигне конкретен договор со Владата за решавање на клучните прашања поврзани со платите и работничките права.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

