24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, го изнесе своето мислење во врска со американските напади врз Иран, нагласувајќи дека ги смета за оправдани.
Во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“, Ангелов истакна дека причината за неговиот став е, како што рече, „суровиот режим кој владее во Иран“, додавајќи дека глобалната безбедност би била сериозно загрозена доколку таквата власт располага со нуклеарно оружје.
„Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД, заедно со Израел. Времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека е изненаден од капацитетите на Иран, посочувајќи дека земјата демонстрирала значајна воена издржливост и способност за дејствување на големи растојанија.
„Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел“, рече Ангелов.
Стојанче Ангелов е роден на 15 септември 1972 година во Штип, каде што го завршил основното и средното образование. Високото образование го стекнал во Скопје, на Факултетот за безбедност.
Кариерата ја започнал во Министерството за внатрешни работи како приправник во Штип. Во март 1996 година преминал во специјалната полиција, каде што постепено напредувал низ хиерархијата – од полицаец, до командир на одделение и командир на вод.
Подоцна бил распореден во Радуша, каде што го затекнал почетокот на вооружените дејствија во 2001 година. За време на конфликтот бил испратен во Тетово како командант на посебни полициски единици, каде што останал околу три месеци. Потоа бил назначен за заменик-командант на специјалната единица „Тигри“.
Ангелов бил директен учесник во Битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

