24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, упати остри критики кон изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој неодамна истакна дека „нема политички услови за уставни измени“.
Според Таравари, ваквиот став, без јасни рокови и конкретен план, остава простор за неизвесност и сериозна загриженост во однос на европската перспектива на државата. Тој праша дали Владата веќе одлучила да го затвори патот кон Европската унија.
„Секој ден без уставни измени е ден подалеку од Европа и поблиску до изолација“, нагласи Таравари, потенцирајќи дека одолговлекувањето може да има долгорочни негативни последици.
Тој упати и директен повик до коалицијата ВЛЕН да покаже поголема политичка одговорност и да се соочи со своите ветувања. Таравари потсети дека оваа коалиција вети реализација на уставните измени во рок од шест месеци, но според него, нивната моментална тишина и пасивност се неприфатливи.
„ВЛЕН мора да изврши вистинско влијание врз владините партнери и да не остане само набљудувач во клучните процеси што ја одредуваат иднината на државата“, истакна тој.
На крајот, Таравари повика на поширок политички и општествен консензус, нагласувајќи дека интеграцијата во Европската унија не е избор, туку стратешка неопходност за државата и нејзините граѓани.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

