TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Институциите реагираат дури по трагедии, системот мора да делува превентивно

10 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, изјави дека одлуката за откажување на Осмомартовскиот марш во Богданци е донесена поради новонастанатата ситуација во државата и претставува израз на поддршка за граѓанските протести против насилството врз жените. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, тој нагласи дека одлуката нема политичка конотација.

Според Трајановски, присуството на претставници на СДСМ на протестот во паркот „Жена борец“ не било политички мотивирано, туку израз на граѓанска поддршка за борбата против насилството врз жените.

„Јас како граѓанин на оваа држава имам право да излезам и да поддржам сè што мислам дека е во интерес на граѓаните. Поддршката што ја дадовме беше порака дека сме против насилството врз жените. Наместо да го реализираме нашиот марш во Богданци, сметавме дека е поважно да бидеме заедно со граѓаните и да испратиме силна порака без партиски обележја“, изјави Трајановски.

Тој додаде дека актуелната состојба со насилството врз жените е сериозна и бара заедничка реакција од целото општество.

Во интервјуто Трајановски се осврна и на барањето за оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, повикот не е обид за политизирање на трагичните случаи поврзани со фемицид и семејно насилство, туку реакција на нефункционирањето на институциите.

„Кај нас секогаш треба да се случи некоја катастрофа за институциите да почнат да реагираат. Неколку дена се работи интензивно, а потоа повторно се заборава. Тоа го видовме и во други случаи, кога по трагедиите се правеа проверки, но претходно со месеци ништо не се преземаше“, рече Трајановски.

Тој посочи дека особено загрижува фактот што трагедијата со убиството на млада девојка се случила и покрај повеќе пријави до институциите.

„Имало повеќе пријави до Центарот за социјални работи и до МВР, а сепак никој не ја препознал сериозноста на ситуацијата. Одговорноста тука се сведува на институциите кои требало да реагираат навреме“, изјави тој.

Според Трајановски, токму поради вакви пропусти се бара оставка од министерот за внатрешни работи.

„Проблемот е што системот реагира откако ќе се случи трагедијата, наместо да делува превентивно. Тоа беше пораката и од вчерашниот протест, кој имаше голема масовност“, нагласи потпретседателот на СДСМ.

Тој смета дека една од главните причини за ваквата состојба е недостатокот на одговорност во институциите, но и пошироки социолошки и културолошки фактори.

„Државата мора да навлезе во секоја пора од општеството – да се подигне свеста за семејното насилство, булингот и други проблеми. Ако институциите не можат да се справат со ова, тогаш треба да се спроведат силни кампањи за подигање на јавната свест“, рече Трајановски.

Тој додаде дека протестите имаат цел да ја разбудат државата и институциите да почнат посериозно да се справуваат со проблемот.

„Државата две години спие и тоа е факт. Некој мора да ги отвори очите – дали тоа ќе го прави граѓанскиот сектор или опозицијата, но проблемот мора да се стави на виделина“, истакна Трајановски.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

ЛДП: Владата неподготвена за поскапувањето на горивата, се бараат итни мерки

СВЕТ
10 март 2026

Нови наоѓалишта на важни минерали ја отвораат економската перспектива на Бугарија

СВЕТ
10 март 2026

Шефицата на ММФ предупредува: Подгответе се за „незамисливото“ во економијата

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Актерот Владо Јовановски револтиран: „Нема дизел – затоа што чекате поголем профит?“

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст во регионот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
10 март 2026

Новa производствена линија на Şişecam во Бугарија вредна 20 милиони евра

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Битиќи: Нов ценовен удар со поскапи горива и поголем притисок врз граѓаните

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски „економски работници“

МАКЕДОНИЈА
10 март 2026

Скандалозни наводи: Јавен обвинител од Штип вршел притисок врз војник да ја повлече тужбата против 14 старешини

ДРУГО
10 март 2026

Денес 10 март 2026 година се празнува: Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Селмани: Од Македонија најмногу се иселуваат Албанците – западните градови остануваат преполовени

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Трошоците за живот во февруари пораснаа за 0,2 отсто, на годишно ниво повисоки за 2,9 проценти

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Филипче предлага намалување на ДДВ за горивата на 5% и нула ДДВ за основните прехранбени производи

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Мицкоски: Нема официјална понуда за брзо проширување на ЕУ

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Автобус оставил патници поради недостиг на гориво

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Филипче: Дупката во буџетот е околу две милијарди евра

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

МВР: Во Македонија пријавени 39 случаи на семејно насилство во последните две недели

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Алармантни статистики: Повеќе од половина од населението во Македонија се соочува со зголемена телесна тежина

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Трагедија во Скопје: Внатрешната контрола на МВР истражува полицајци кои игнорирале 10 пријави за семејно насилство

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Аврамоска-Нушкова: Македонија меѓу првите во Европа по бројот на убиства на жени

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
09 март 2026

Нафтата ја проби границата од 100 долари: Рестрикции за гориво и првични последици на домашниот пазар

МАКЕДОНИЈА
09 март 2026

Скопје: Снаа ја пријавила свекрвата во полиција поради двегодишно малтретирање и навреди

СВЕТ
09 март 2026

Бугарија купува крајбрежен ракетен систем од САД вреден 620 милиони долари

ДРУГО
09 март 2026

Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

СВЕТ
09 март 2026

Европа сега купува најмногу оружје во светот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
08 март 2026

Трамп: Краток раст на цената на нафтата за поголема безбедност

СВЕТ
08 март 2026

Голем скок на цената на нафтата по проблемите во Блискиот Исток

СВЕТ
08 март 2026

Трамп: Следниот врховен лидер на Иран „нема да трае долго“ без одобрение од САД

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега