22 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Полицијата лиши од слобода 34-годишен жител на гостиварското село Чегране, откако бил пријавен за уцена и закани кон лице од тетовско.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 март 2026 година околу 21:55 часот, полициски службеници го привеле лицето со иницијали Г.Г. (34), постапувајќи по претходна пријава од машко лице од село во тетовскиот регион.
Пријавителот навел дека осомничениот му побарал сума од 5.000 евра, за која тврдел дека му ја должи. Воедно, според пријавата, Г.Г. испраќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал оштетениот дека ќе објави снимка од нивен меѓусебен разговор.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

