23 февруари 2026
• од Гоце Кически
На 23 февруари 2026 година во 01:40 часот, на автопатот Гевгелија – Скопје, на местото викано „Авлаќот“ во близина на Гевгелија, полициски службеници лишиле од слобода лице со иницијали М.П. (30) од Република Србија.
Како што информираат од полицијата, при извршена контрола на патничко возило „Опел астра“ со српски национални ознаки, кое го управувал осомничениот, биле пронајдени шест лица мигранти — пет од Египет и едно лице од Палестина.
Лицето било предадено на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Романија се восхитува на Бугарија за новиот научен проект – за што станува збор?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

