20 јули 2026
• од Темелко Тошев
Гостиварската полиција денеска ги приведе директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини, како и раководителот на секторот водовод, Валедин Дервиши. Апсењата следуваат по масовното труење во градот, при што дури 3.100 лица побараа итна медицинска помош поради изразени стомачни тегоби, дијареа и покачена температура.
Како што дознаваме, тројцата раководни кадри се приведени во рамките на предистражната постапка која е отворена поради сериозни сомневања за контаминација на водата за пиење од градскиот водовод.
Случајот кој предизвика огромна вознемиреност кај гостиварци, веќе е под лупа на институциите. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска информираше дека лабораториските анализи на примероците вода земени од гостиварскиот водовод се целосно завршени.
Сепак, министерот не откри за каков тип на загадување станува збор. Како што појасни тој, деталите од наодите се чуваат во тајност со цел да не се попречи текот на истрагата. Клековски најави дека јавноста ќе биде точно информирана за тоа што е пронајдено во водата за пиење во Гостивар, веднаш штом Јавното обвинителство ќе даде зелено светло за објавување на информациите.
Граѓаните на Гостивар остануваат во исчекување на официјалните одговори за тоа кој е виновен за еколошката и здравствена криза што го зафати градот. Надлежните апелираат на трпение додека истражните органи не ги завршат потребните процедури.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

