21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Угостителите кои работат на катот во Трговскиот центар – блок А во Кочани ќе мора во текот на наредната недела да ги отстранат времените градби, односно терасите поставени пред нивните локали на јавна површина. Од надлежните потенцираат дека просторот мора да биде целосно расчистен и вратен во првобитната состојба.
Според информациите, плочникот пред локалите, каде што се наоѓаат повеќе пицерии, треба да стане целосно прооден за пешаците. Во моментов, движењето е значително отежнато, бидејќи минувачите се движат низ тесен простор широк околу метар и половина.
Оваа мерка произлегува од договорот постигнат пред два месеца на средба помеѓу градоначалникот Владко Грозданов и угостителите. Тогаш било договорено отстранување на времените објекти, кои се третираат како бесправно изградени. Угостителите се обврзани сами, на сопствен трошок, да ги отстранат во предвидениот рок.
По расчистувањето, сопствениците на локалите ќе имаат можност да поднесат барање до општината за користење на јавна површина, но под строго утврдени услови. Доколку добијат дозвола, ќе можат да постават подвижни тенди, чадори и друга опрема, но просторот мора да остане отворен од најмалку три страни и не смее да биде ограден.
Во меѓувреме, кафулињата кои се наоѓаат на приземјето во истиот трговски центар веќе постапиле согласно барањата и ги отстраниле застаклените делови од локалите што излегуваат на јавна површина. За нив, тендите остануваат дозволени.
Одлуката за отстранување на времените градби не се однесува само на блок А и Б од трговскиот центар, туку важи за сите угостителски објекти на територијата на Кочани.
И покрај тоа што денеска е државен празник, екипи на комуналната и градежната инспекција на Општина Кочани излегоа на терен и извршија увид во актуелната состојба, со цел да се обезбеди спроведување на мерките.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

