18 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бакарен лим е украден од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопската населба Чаир, информираат надлежните институции.
Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вчера попладне го пријавиле случајот во полиција, посочувајќи дека непознати сторители одзеле дел од покривната конструкција на храмот.
Според пријавата, кражбата се случувала во подолг временски период – од февруари годинава па сè до денот на пријавувањето. Со ова, сторителите се стекнале со противправна имотна корист проценета на над 150.000 денари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку имаат какви било информации поврзани со настанот да ги пријават во најблиската полициска станица.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

