23 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Уште еден автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) синоќа се запалил во скопската населба Влае, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Според првичните информации, возачот на автобусот забележал чад кој излегувал од моторниот дел на возилото, по што веднаш го запрел автобусот за да спречи поголем инцидент. Во обид да реагира навреме, тој се обидел сам да го изгаси пожарот, дувајќи кон изворот од каде што се појавил пламенот.
Пожарот бил локализиран за кратко време, без информации за повредени лица или поголема материјална штета. На терен интервенирале и надлежните служби, кои ја ставиле состојбата под контрола.
Засега не се познати причините за запалувањето на автобусот. Надлежните институции најавуваат дека ќе биде спроведена истрага за да се утврди како дошло до овој инцидент. Ова е уште еден во низата случаи што повторно го отвора прашањето за техничката исправност и одржувањето на возниот парк на ЈСП.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

