04 февруари 2026
• од Гоце Кически
На 31 јануари е забележан уште еден конкретен случај на транспорт што се вклопува во веќе воспоставената практика на испорака на воена опрема од Северна Македонија кон Украина.
Станува збор за товарен авион Антонов Ан‑26Б со регистрација УР-ЦКД, сопственост на украинската карго-компанија Вулкан Ер, кој на 31 јануари полетал од Скопје.
Според податоците од следење на летови, авионот најпрво слетал во Ѓер, Унгарија, по што за кратко време повторно полетал и се упатил кон Жешув, Полска — аеродром кој подолг период функционира како главен логистички коридор за воена и хуманитарна помош кон Украина.
Во официјалната документација на компанијата, овој авион е наведен како летало сертифицирано за транспорт на „опасни материи“ — категорија што во воздухопловната пракса опфаќа муниција, експлозиви и воена опрема што бара посебни безбедносни протоколи.
Антонов Ан-26 е типично користен за тактички транспорт на воени товари на кратки и средни релации и е особено погоден за операции од аеродроми со ограничена инфраструктура.
Овој лет се надоврзува на претходно документирани испораки на воена опрема од Македонија кон Украина, при што рутата Скопје – Централна Европа – Жешув се појавува како повторлив логистички модел.
Иако институциите вообичаено не објавуваат детали за ваквите транспорти, временската линија на летот, типот на леталото, неговата сертификација за транспорт на опасни материи и изборот на крајна дестинација укажуваат дека станува збор за уште еден случај на пренос на воена опрема наменета за украинските сили.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

