23 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, во подкастот Почетна пресметка се осврна на обвинувањата дека го негира македонскиот идентитет, нагласувајќи дека таквите тврдења не се точни.
Во својата изјава, Стојанов истакна дека јасно признава дека постојат Македонци и дека тие се народ. Тој посочи дека неговиот став, кој често е предмет на критики, се однесува на историското потекло, а не на правото на самоопределување во современ контекст.
„Да, има Македонци. Да, тие се народ. По потекло се Бугари, но тоа не им пречи денес да се Македонци. Ние им го признаваме тоа право и ги почитуваме“, изјави Стојанов во подкастот.
Тој додаде дека има многу пријатели Македонци кои ја почитуваат Бугарија, но кои, како што рече, не се чувствуваат Бугари, што според него е нивно лично и легитимно чувство. „Да се живи и здрави“, додаде Стојанов, потенцирајќи дека не гледа проблем во тоа.
Со оваа изјава, Стојанов се обиде да внесе појаснување во јавната дебата и да направи разлика меѓу историските интерпретации и современиот идентитет, нагласувајќи дека правото на самоидентификација треба да се почитува.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

