македонија07 декември 2024 Влада: Дурмиши на средба со претседателот на трговското здружение Мусијад во Измир - Нашиот фокус е економски развој и намалување на невработеноста во земјата - 07 ДЕКЕМВРИ 2024
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, престојува во официјална посета на Измир, Турција, каде што оствари средба со Ѓокан Темур, претседател на огранокот „Мусијад“ во Измир. Министерот Дурмиши истакна дека Република Турција е меѓу нашите најважни трговски партнери и земја која постојано инвестира во економијата на нашата земја и во различни сектори како стратешки инвестициски партнер. Турција е наш петти партнер по инвестиции и седми по трговска размена. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само во Република Северна Македонија, туку и во целиот регион. Северна Македонија има одлични услови за привлекување странски инвестиции, особено во Слободните економски зони, каде што се нудат големи поволности за странските инвеститори, но така и надвор од зоните.
Исто така, министерот Дурмиши во седиштето на ова здружение оствари средба и со заменичката која е со албанско потекло Шебнем Бурсали. Дурмиши потенцираше дека како министер и Владата се отворени за соработка, за странски инвестиции и отворање што е можно повеќе нови работни места и намалување на невработеноста кај нас!