македонија26 декември 2024 Влада: Фетаи на отворањето на четвртата болница на Sante Plus Group - Чекор кон подобрување на квалитетот на здравствените услуги во Северна Македонија - 26 ДЕКЕМВРИ 2024
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија Арбен Фетаи, присуствуваше на свеченото отворање на четвртиот болнички комплекс на Sante Plus Group во Северна Македонија, заедно со колеги од Владата и министерот за трговија на Република Турција, г. Омер Болат.
Во своето обраќање, г. Фетаи истакна дека ова значајно достигнување е резултат на визијата и посветеноста на сопственикот на групацијата, г. Билал Кара.
Тој, потоа потенцираше дека ова болница на Sante Plus Group е дел од широката мрежа која ги вклучува Турција, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и претставува голем напредок во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги во нашата земја.
Потпретседателот Фетаи го заврши своето обраќање со напоменувањето дека оваа инвестиција не само што ќе ги подигне стандардите на здравствената нега и ќе го спречи оптоварувањето на постојните здравствени институции, туку исто така ќе создаде нови можности за професионален развој и напредок во медицината.
На крајот, во име на Владата на Република Северна Македонија, вицепремиерот му се заблагодари на Sante Plus Group за нивната посветеност и вреден придонес за здравјето на нашите граѓани!