TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Влада: Мицкоски - Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП - 31 ДЕКЕМВРИ 2025

01 јануари 2025

• од Филип Поповски

Почитувана македонска јавност, Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите. Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови. Дополнително на ова, свесни за фактот што студентите се иднината на нашата држава, но и за тоа дека, секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот. Во вакви околности, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите. Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообраќајно претпријатие, за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година. Тоа е едно дополнително олеснување на образовниот процес на студентите и една грижа помалку за нив, од финансиски аспект. За потсетување, претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам, треба да бидат спокојни, затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда на тоа. Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици. Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој. Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови. Сакам да истакнам дека наследивме Влада со многу проблеми, но ги решаваме, целосно посветени на она што преставува реална потреба на сите граѓани. И во последниот ден од оваа година сакам да посочам неколку работи. Надежта се роди и очекувањата се големи. Ќе работиме до ситните часови, и секој ден така, само за да не ги изневериме очекувањата на граѓани.  Дозволете ми да се заблагодарам и на Вас медиумите, на новинарите, снимателите и сите оние кои се зад камерите. Заедно сме во ова и ја делиме заедничката судбина да ги менуваме работите. Свесен сум за сите ваши потреби и остануваме ваш сојузник.  До сите граѓани, не очекува добра година на многу нови и убави работи.  Македонија станува повторно ваша.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Албанците над 30% во осум министерства, под 15% во клучни институции

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Скопје, Софија, Рим, Тирана и Букурешт со заедничка порака: Коридорот 8 е приоритет

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Драган Мишев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а не Бугарија, се кочничари за ЕУ-интеграцијата на Македонија

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека работниците протестираат за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Од стара облека до нови можности – ЕУ поддршка за одржлива мода во Северна Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

СДСМ: Нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владин авион

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Скопјанец тврди: „Безбеден град“ ме казни за туѓа брзина – шест дена докажував дека сум невин

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Апелација ја потврди пресудата против Насер Селмани: Аларм за слободата на изразување

СВЕТ
18 февруари 2026

Бугарија со тројца дипломати на првото заседание на Советот за мир на Трамп

СВЕТ
18 февруари 2026

Две бугарски салати меѓу трите најдобри во светот според TasteAtlas

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

ДУИ: Поднесовме кривична против министерот за правда за попречување на албанскиот јазик

ДРУГО
18 февруари 2026

Денеска 18 февруари 2026 година се празнува Светата маченичка Агатија

СВЕТ
17 февруари 2026

Канада бара поблиска соработка со еврозоната

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Корубин: Антибугарскиот сентимент е наследство од Југославија

СВЕТ
17 февруари 2026

ЕУ подготвува нови санкции против Русија пред 24 февруари

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

СДСМ: Владата ја доведе државата во изолација, транспортните компании се селат надвор

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Бугарија го отвори прашањето за омраза и насилство кон Бугарите во Северна Македонија пред Советот на Европа

СВЕТ
17 февруари 2026

Осомничен за лојалност кон Исламска држава планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Силјановска-Давкова упати честитка по повод 18-годишнината од независноста на Косово од Србија

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Осумдесетгодишник извлечен од пожар, МВР „цензурира“ и AI-жртва

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
17 февруари 2026

На 24 јуни Бугарија добива прва аџилак рута до моштите на Свети Јован Крстител

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Ажурирана состојба на патиштата на 17.02.2026 во 08:00 часот

СВЕТ
17 февруари 2026

Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?

СВЕТ
17 февруари 2026

Древна бактерија од романска ледена пештера отпорна на модерни антибиотици

ВРЕМЕ
17 февруари 2026

17 февруари 2026: Облачно со врнежи од дожд и снег и засилен северен ветер

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

ССМ утре ја блокира Владата, последен ултиматум пред штрајк

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Будимпешта хит-дестинација на владиниот „лирџет“: Николовски најчест патник, Мицкоски летал до Јадран, Гаши патувал и со сопругата

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

За една седмица регистрирани 4.490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф сити“

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега