македонија06 декември 2024 Влада: Потпретседателот и министер Стоилковиќ оствари средба со чешкиот амбасадор Лудва - 06 ДЕКЕМВРИ 2024
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, предводена од амбасадорот, г. Јарослав Лудва.
На средбата, инаку прва официјална меѓу двајцата соговорници, беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски состојби во двете земји, како и за можностите за продлабочување, но и потврда на меѓусебните одлични дипломатски односи.
Потпретседателот и министер Стоилковиќ го запозна амбасадорот Лудва со досега сработеното од стапувањето на функцијата, а на средбата стана збор и за идните планови, односно клучните прашања и приоритети на Министерството за односи меѓу заедниците.
На крајот од средбата заклучокот на двајцата соговорници беше дека заштитата на етничките заедници со фокус на промената на перцепцијата и фактот дека тие треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани со сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот, треба и понатаму да остане приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина, а првата е зголемување на економската соработка и инвестициите на Република Чешка во РС Македонија.