македонија25 декември 2023 Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош
Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар согласно бројот на жители, покажа најновото истражување на центарот за граѓански комуникации.
Во моментов државата располага со 258 тимови и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува. Според податоците добиени од центрите, најлошо во овој поглед стојат Скопје, каде недостигаат 18 екипи, а најдобра покриеност имаат Вевчани, Пехчево и Ростуше.