17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 27-годишниот П.Џ. од Велес, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата“.
Според информациите од полицијата, осомничениот, кој работел како службено лице во експозитура на банка во Велес, во текот на септември 2025 година злоупотребил службена положба и овластувања. Во три одделни наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице со иницијали В.Ф.
Со ваквите незаконски дејствија, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 249.990 денари, со што директно го оштетил сопственикот на сметката.
Надлежните институции продолжуваат со постапката, а против осомничениот ќе се води кривична постапка во согласност со законските прописи.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

