16 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во периодот од 9 до 15 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ („Safe City“), на подрачјата на градовите и долж Коридорите каде што се поставени камери, евидентирани се вкупно 4.490 сообраќајни прекршоци. Овој број претставува намалување од 10 проценти во споредба со првата седмица од февруари, кога биле регистрирани 4.991 прекршок.
Според објавените податоци, најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената – вкупно 4.297 случаи. Следуваат прекршоците за минување на затворен сигнал на семафор (црвено светло), кои изнесуваат 33, додека 160 прекршоци се однесуваат на управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
Во анализираниот период се изречени и 148 мерки „забрана за управување со возило“, што претставува намалување од 48,6 проценти во однос на претходната седмица. Од нив, 33 мерки се изречени за минување на црвено светло, а 115 за пречекорување на дозволената брзина.
Од прекршоците поврзани со брзо возење, 99 се однесуваат на движење со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 12 за надминување на ограничувањето на брзината утврдено според карактеристиките на самото возило, а четири случаи се регистрирани за управување со брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.
Надлежните институции упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност и сигурност на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

