18 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Земјоделците предупредуваат на можно поскапување на земјоделските производи поради нестабилноста на светските пазари и зависноста од суровини од Блискиот Исток.
Претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски, изјави дека поради воените случувања и растот на цените на нафтата, се очекуваат поскапувања и на ѓубривата и другите репроматеријали. Тој апелираше државата навреме да реагира и да го активира кризниот фонд за да се ублажат последиците.
„Потребни се брзи мерки за да се обезбеди снабдување со ѓубрива и да се спречи дополнителен ценовен притисок“, нагласи Јорданоски.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека состојбата се следи секојдневно. Министерот Цветан Трипуновски најави дека, доколку има потреба, ќе се предложат конкретни мерки за стабилизација на пазарот.
Во меѓувреме, не се очекуваат проблеми со откупот на јагнињата пред Велигден. Кланиците веќе понудиле откупна цена од околу 260 денари за килограм, а најголемата побарувачка се очекува во наредните денови.
Земјоделците посочуваат дека покрај ценовните притисоци, се соочуваат и со недостиг на работна сила, слаба инфраструктура и сè поголемо влијание од климатските промени.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

