ЕУ и еврозоната со дефицит во трговијата со светот во 2022 година.
ЕУ и еврозоната забележаа дефицит во трговската размена со светот во 2022 година, бидејќи увозот скокна двојно повеќе од извозот, покажаа денеска податоците на Европскиот завод за статистика.
Минатата година извозот на стоки од еврозоната пораснал за 18 отсто, а увозот за 38 отсто, покажуваат сезонски прилагодените податоци на Евростат.
Така, еврозоната минатата година ја заврши со дефицит во трговскиот биланс од 333,5 милијарди евра, по суфицит од 105,3 милијарди евра во 2021 година.
Извозот на стоки од ЕУ и лани бележи пораст од 18 отсто, а увозот скокнал за 41 отсто.
Минатата година Унијата ја заврши со дефицит во трговскиот биланс од 432,1 милијарди евра. Во 2021 година забележа суфицит од 55 милијарди евра.
Во јануари извозот на стоки од еврозоната порасна за 11 отсто на годишна основа според сезонски приспособените податоци, по зголемувањето од 9 отсто во декември. Увозот бил за 10 отсто поголем од јануари минатата година, а речиси иста стапка на раст е забележана и во декември.
Билансот за јануари на тој начин покажа дефицит од 30,6 милијарди евра, повеќе од двојно поголем од декември.
Извозот на стоки од ЕУ исто така е зголемен во јануари за 11 отсто, а увозот за седум отсто.
Така, билансот на Унијата за јануари покажа дефицит од 34,6 милијарди евра, речиси три пати поголем од декември.
Дефицитот во трговската размена на ЕУ со Русија во јануари е повеќе од преполовен во однос на истиот месец лани, но преполовен е и суфицитот во трговската размена со САД.
Во замена со Норвешка, ЕУ забележа дефицит од 7,9 милијарди евра, што е за 31,7 отсто поголем од јануари минатата година.