Анчелоти: И следната сезона ќе бидам во Реал Мадрид
На последната прес-конференција тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше запрашан дали мисли дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона.
"Да мислам дека. Претседателот секогаш ме поддржуваше и продолжува да го прави тоа. Мора да гледаме напред. Клубот е многу опуштен. Сигурно ќе бидам тука и следната сезона. Ќе го исполнам мојот договор“, изјави Италијанецот.
Анчелоти има договор со клубот до 2024 година, но според извештаите, Флорентино би можел да го отпушти Карлето на крајот на сезоната во случај на лоши резултати.
Реал Мадрид ги загуби лигата и шпанскиот Суперкуп од Барселона, но се уште има шанси во Купот на кралот и Лигата на шампионите. Изгледа дека тоа ќе биде доволно за претседателот да го задржи Анчелоти.