Антов: Ова е нашето ниво!
Централниот дефанзивец на Бугарија Валентин Антов ги сподели првите впечатоци по тешкиот пораз од Унгарија со 0:3 во европските квалификации.
„Тешка средба. Ова е нашето ниво. Унгарците имаат многу повеќе квалитети, ова е нашата реалност. Тоа не се случува само со желба. Ние сме млад тим, но тоа не е оправдување.
Разочарувачки старт, но не успеавме да покажеме подобро лице“, изјави Антов.