15 декември 2025
• од Вардарски
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица во Охрид по инцидент што се случил по завршувањето на првенствениот натпревар против ГРК Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, на 14 декември 2025 година во 20:20 часот бил приведен Д.М. (33) од Скопје, ракометен играч и член на клуб од Битола. Инцидентот се случил по крајот на натпреварот што се одиграл во спортската сала „Биљанини Извори“, при меѓусебното поздравување на играчите, кога Манасков физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот ракометен клуб Охрид.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Натпреварот заврши со победа на ГРК Охрид над Еурофарм Пелистер со резултат 29:25. Засега нема официјална реакција од клубовите во врска со инцидентот, а се очекува дополнителни информации по завршувањето на полициската постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

