Крај на првото полувреме: Вардар повторно очаен
Заврши првото полувреме од 6-те натпревари од Првата македонска лига - вонредно 12. коло. Вардар повторно е очаен и губи на арената Тоше Проески од Струмишка Брера со 0:1. Очајна е играта на Вардар. Инаку, во останатите натпревари фаворитите водат - Шкендија во Беса со 2:1, Работнички во Силекс во Кратово со 1:0. Водството на Воска Охрид од 1:0 во Охрид над Шкупи од Чаир засега е изненадување