09 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Десетина дена пред стартот на пролетниот дел од ВМФЛ, во Прилеп владее тишина. Не спортска, не тактичка – туку гробна. Фудбалската Победа, некогашен шампион, европски претставник и гордост на градот, во моментов не знае ни кој ја води, ни каде оди, ни дали воопшто постои надвор од хартија.
Тренинзи? Нема.
Подготовки? Заборавете.
Шеф на стручен штаб? Апсолутно не.
Управа, директор, сопственик? Ако ги видите – јавете.
Во нормални услови, зимските подготовки требаше да започнат пред три недели. Во прилепските „ненормални“ услови, тие не само што не започнаа – туку не се ни на повидок. Единствено што е сигурно е дека поранешниот тренер Филип Мирчески си замина, а со него и последниот привид на ред и структура.
Пред извесно време, со фанфари и надежи, во Прилеп пристигнаа „нови сопственици“. Претседателка – Јана Мицковска Попоски. Управен одбор – осум члена, звучни имиња, сериозни најави. Сопственик – Александар Мицковски, човек од Америка, кој требаше да донесе нова ера, стабилност и „поубави денови“.
Донесе – но за жал, во спротивна насока.
Наместо напредок, Победа доби:
Од ветувањата – ништо. Од присуството – уште помалку. Како што велат прилепчани, луѓето што го презедоа клубот одамна не се видени во градот. Со месеци, со години. Победа, пак, остана сама. Со своите проблеми. И со своите најтврдокорни вљубеници.
Победа во последните две децении преживеа сѐ што може да преживее еден клуб:
суспензии, казни, најнизок ранг, фузии, преименувања.
И сега, во 2026 година, повторно – катаклизма.
Има ли крај ова?
Со право неодамна порача и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ: ќе мора да има строги стандарди кој, како и со какви цели презема фудбалски клуб во Македонија. Зашто ние немаме десетици екс-шампиони за расфрлање. Имаме малку – и тие треба да ги чуваме како суво злато, а не да ги даваме на разни „инвеститори“, „Американци“, „Турци“ и други светски авантуристи.
Зашто Победа има дадено многу. Титули. Успеси. Репрезентативци. Легенди. Историја.
И навивачи – „Мајмуните“, кои и во ваква ситуација купуваат билети од 400–500 денари, не заради фудбал, туку заради љубов.
Сопственици на Победа, доста е.
Преземете нешто – веднаш.
Вратете акции.
Свикајте управен одбор.
Свикајте собрание.
Најдете решение според статут.
И престанете со приказните „ќе помогне овој, ќе помогне оној“. Клубот има сопственик. И сопственикот е одговорен.
Зашто за Победа Прилеп одамна не е „пет до дванаесет“.
Полноќ помина.
А стрелките одамна не се помрднуваат.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

