,,Што фати исуши”: Благодарение на Миленко, Вардар од денес е последен на табелата..
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар беше поразен од Брера Струмица со 0-1 во 12. коло од Првата лига.
„Црвено-црните“ никако не успеваат да ја прекинат црната серија во Првата лига, откако веќе шест меча не знаат за победа, а дури пет од нив ги загубија.
Одново ,,големите” засилувања на Миленко беа главни актери на теренот, секако во негативна смисла. Ако го прашувате Неделковски и после овој дуел на Градски, Дианеси е добар шпиц играч, а Ќосиќ е супер засилување за Вардар.
Честитки до Неделковски и управата на ФК Вардар. Од попладнево и официјално Вардар е последен на табелата во ПМФЛ.