27 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Младата репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз од 4:0 на гостувањето кај Италија U21 во Емполи, во рамките на квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година. Ова беше шести пораз на избраниците на селекторот Горан Станиќ во седум одиграни натпревари.
Уште од самиот почеток беше јасно дека домашната селекција ќе го диктира темпото. Италија поведе веќе во 3. минута со погодокот на Ндур, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме следеше вистински колапс на македонската одбрана – во 49. и 50. минута Липани и Екатор зголемија на 3:0.
Конечните 4:0 ги постави Фини во 86. минута од пенал, ставајќи печат на убедливата победа на домаќините. Поразот можеше да биде и поубедлив, но голманот Џеков имаше неколку одлични интервенции и спречи уште најмалку три сигурни голови.
Овој натпревар уште еднаш ја потврди разликата во квалитет меѓу двете селекции. И покрај промените во составот, македонската У-21 репрезентација продолжува со старите проблеми – недоволна компактност, слаба реализација и пад на концентрацијата во клучни моменти.
Во наредното коло, Македонија ја очекува ново тешко гостување кај селекцијата на Ерменија U21, каде ќе се обиде да остави подобар впечаток и да ја прекине серијата негативни резултати.
Состав на Македонија:
Љ. Џеков, Аризанковски, Мелиќи, Ѓ. Џеков, Хамза, Ангелов, Масларов, Данев, Дураков, Трајков, Гаштаров.
Настапија и: Ѓорѓиевски, Софијаноски, Љатифи, Стојанов.
Македонските надежи повторно разочараа, а настапот во Емполи повеќе наликуваше на „туристичка посета“ отколку на конкурентен натпревар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

