24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оддаде почит на паднатите борци на гробиштата на хероите во селото Прилеп, во општина Дечани, место кое, како што истакна, претставува симбол на сеќавање, жртва и национално достоинство.
Заедно со свои соработници и соборци, Ахмети положи цвеќе и се поклони пред споменот на оние кои ги дале своите животи за слободата и еднаквоста. Посебно беше истакната жртвата на Шпенд Мазрекај, албански војник од Прилеп, Дечани, кој загинал во конфликтот во Македонија.
„Токму тука почива и Шпенд Мазрекај, кој останува запаметен како првиот паднат борец од албанските простори надвор од Македонија. Неговата жртва го симболизира единството на нашиот национален идеал за слобода и еднаквост“, напиша Ахмети.
Тој нагласи дека оддавањето почит кон паднатите борци не е само чин на сеќавање на минатото, туку и обврска кон иднината. Според него, нивната жртва претставува морален аманет кој ги обврзува сегашните и идните генерации да продолжат по патот на посветеност, зачувувајќи ги вредностите за кои тие се бореле.
Ахмети испрати и порака за национално единство, потенцирајќи дека заедничките идеали и историските жртви треба да служат како мост за сплотување, а не како причина за поделби.
„Жртвата на нашите херои нè обврзува да чекориме напред со одговорност, да ги чуваме вредностите и да работиме за заедничка иднина во која ќе владеат мирот, еднаквоста и достоинството“, порача тој.
Комеморацијата во Прилеп, Дечани, уште еднаш ја потврди важноста на колективното сеќавање и потребата од зачувување на историското наследство како темел за градење на иднината.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

