19 февруари 2026
• од Гоце Кически
Шест авиони-танкери на Военновоздушните сили на САД беа забележани на пистата на воздухопловната база Враждебна, која се наоѓа на територијата на аеродромот „Васил Левски“ во Софија, според објави и фотографии што кружат на социјалните мрежи.
Според набљудувачи, авионите се дел од 6-тото крило за воздушно полнење гориво со база во Макдил, Флорида. Тие тврдат дека распоредувањето се вклопува во поширокото зголемување на американските воздушни капацитети насочени кон Блискиот Исток, вклучително и кон Иран, кое опфаќа танкери за воздушно полнење, авиони за командување и контрола, борбени авиони и извидувачки платформи во Европа и регионот.
Од бугарското Министерство за одбрана, сепак, нагласуваат дека присуството на леталата има рутинска намена.
„Авионите на аеродромот ‘Васил Левски’ се на Военото воздухопловство на САД. Нивното распоредување е во поддршка на обука поврзана со активностите за засилена будност на Алијансата. Персоналот е за опслужување на авионите“, соопштија од министерството.
Слична позиција изрази и Амбасадата на САД во Бугарија во изјава за bTV. Оттаму наведуваат дека Бугарија дава поддршка за претходно распоредување на американски воздухопловни средства и опрема за аеродромска поддршка со цел спроведување обука поврзана со мерките за засилена будност на Алијансата (eVA), во согласност со важечките договори за пристап, базирање и прелет.
Фотографиите од американските воени авиони на софискиот аеродром претходно предизвикаа засилен интерес на социјалните мрежи, додека официјалните институции инсистираат дека станува збор за планирани активности во рамки на НАТО.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

