01 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија денеска е лидер во европското производство на лаванда, надминувајќи ја дури и Франција, која со децении беше водечка на пазарот. Според Здружението на производители на лаванда, кај нас има околу 200.000 декари со полиња под лаванда, при што најголем дел од нив се наоѓаат во Добруџа.
Интересот за одгледување лаванда во Бугарија се зголеми особено по појавата на болести кај насадите во Франција во 2011 година, што мотивираше многу бугарски земјоделци да се префрлат на оваа култура. Сепак, не секој нов производител се снајде успешно. Недостатокот на искуство и познавања доведе до пад на квалитетот и ја наруши репутацијата на бугарската лаванда на меѓународниот пазар.
Бугарија годишно извезува над 100 тони лавандулово масло. Главните пазари се Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, САД, Јапонија, Дубаи, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија. Конкуренти на Бугарија во овој бизнис се Украина, Молдавија, Турција, Грузија и Кина.
Иако лавандата, често нарекувана „син злато“, е клучна суровина за светската козметичка индустрија, бугарските производители речиси целото масло го пласираат на странски пазари. Ова значи дека домашниот сектор всушност работи претежно за извоз.
Во последниве години се јавуваат проблеми со неискористени количини од минатата реколта, а и откупната цена останува ниска, што ги принудува малите производители да инвестираат во иновации, сопствен печат во одгледувањето и развој на конечни производи. Според здружението на производители, постојаното подобрување на квалитетот и развој на нови производи е клучен услов за успех.
Секторот на етерични масла во Бугарија е од особена важност – извезува околу 200 милиони долари годишно во форма на бугарска продукција и обезбедува работа за околу 20.000 луѓе, најчесто во помалку населените региони.