28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Откако операцијата веќе започна во раните утрински часови, Централната команда на Соединетите Американски Држави денеска го објави своето прво официјално соопштение за воената акција наречена „Епски Бес“, спроведена по наредба на претседателот на Соединетите Американски Држави.
Според командата, координираните напади од страна на американските сили и партнерските единици започнале во 1:15 часот по источноамериканско време. Целта на операцијата е демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритетно неутрализирање на локации што претставувале непосредна закана.
Меѓу погодените цели се командно-контролни објекти на Иранската револуционерна гарда, капацитети на противвоздушната одбрана, позиции за лансирање ракети и беспилотни летала, како и воени аеродроми.
Во соопштението се наведува дека претседателот наредил решителна акција, по што припадниците на копнените, поморските и воздушните сили започнале изведување на операцијата.
По првиот бран удари, силите на Централната команда успешно одбиле стотици ракетни и беспилотни напади од иранска страна. Нема пријавени американски жртви или повредени поврзани со борбени дејствија. Причинената штета врз американските воени инсталации е оценета како минимална и без влијание врз тековните операции.
Во првите часови од дејствувањето биле употребени прецизни муниции лансирани од воздух, копно и море. Исто така, специјална ударна група за првпат во реални борбени услови употребила нискобуџетни еднонасочни нападни беспилотни летала.
Операцијата „Епски Бес“, според соопштението, претставува најголема регионална концентрација на американска воена огнена моќ во една генерација. Воената акција продолжува, а од командата најавуваат дополнителни информации во наредниот период.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

