02 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Цената на нафтата бележи остар раст по нападот врз танкер во близина на брегот на Оман, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат. Во меѓувреме, групата ОПЕК+ најави зголемување на производството во обид да го стабилизира глобалниот пазар.
Осум земји од ОПЕК+, предводени од Саудиска Арабија и Русија, одлучија да го зголемат производството на нафта за 206.000 барели дневно почнувајќи од април. Според извештај на Ројтерс, мерката има цел да го балансира пазарот во услови на засилени геополитички ризици.
Одлуката доаѓа во период на интензивни воени активности во регионот и закани од иранската Револуционерна гарда за затворање на стратешкиот Ормуски Проток. Преку овој теснец се транспортира повеќе од една петтина од светската потрошувачка на сурова нафта. Поради зголемениот ризик, осигурителните компании веќе ги покачија премиите за танкерите што пловат во областа.
Тензиите дополнително се засилија по нападот врз танкерот „Skylight“, кој пловел под знамето на Палау. Според податоци од Оманскиот центар за поморска безбедност, четворица членови на екипажот се повредени, а сите 20 морнари се евакуирани. Инцидентот се случил во близина на пристаништето Хасаб, во непосредна близина на влезот во Ормускиот Проток.
Во моментов повеќе од 200 бродови се закотвени и чекаат понатамошни инструкции, бидејќи поморскиот сообраќај низ теснецот е речиси запрен. Иранските власти преку радиопораки предупредија дека пловидбата во регионот повеќе не е безбедна.
Референтната европска нафта „Брент“ достигна ниво од 80 долари за барел, што претставува скок од речиси 9 долари во краток временски период. Пазарните аналитичари предупредуваат дека доколку блокадата на Ормускиот Проток продолжи, цената може брзо да ја надмине границата од 100 долари уште на почетокот на следната недела.
Според економските експерти, иако ОПЕК+ демонстрира подготвеност за интервенција, планираното зголемување од 206.000 барели дневно е недоволно за да се компензира евентуален целосен прекин на иранскиот извоз или транзитот на нафта од Персискиот Залив.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

