14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Папата Лав XIV упати силна морална порака до христијанските политички лидери кои учествуваат или започнуваат вооружени конфликти, повикувајќи ги да направат сериозен испит на совеста и да се исповедаат. Тој не посочи конкретни имиња или конфликти, но неговите зборови доаѓаат во време на зголемени тензии и повици за прекин на тековните војни, пренесе агенцијата Ројтерс.
„Дали христијаните кои носат голема одговорност во вооружени конфликти имаат доволно понизност и храброст да направат сериозен испит на својата совест и да се исповедаат?“, праша папата. Со оваа изјава тој ги повика лидерите да размислат дали нивните постапки навистина се во согласност со учењата на Исус Христос.
Поглаварот на Католичката црква не именуваше ниту еден лидер, но во последните денови го засили својот апел за прекин на војната со Иран. Неговите зборови доаѓаат во период кога дел од водечките политички личности во САД се декларираат како христијани. Претседателот на САД, Доналд Трамп, е израснат во презвитеријанската христијанска традиција, додека неколку негови високи соработници, меѓу кои и потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, се католици.
Во христијанското учење, Исус Христос ги повикувал своите следбеници да не користат насилство. Католичката црква во принцип се противи на војната, иако низ историјата ги оценувала конфликтите според таканаречената теорија за „праведна војна“. Оваа традиција поставува строги критериуми со кои се утврдува дали одреден конфликт може да се смета за морално оправдан, како на пример одбрана од неправедна агресија.
Во таа насока, кардиналот Роберт Мекелрој од Вашингтон неодамна изјави дека американско-израелските напади врз Иран „не се морално легитимни“, бидејќи не ги исполнуваат критериумите на Црквата за праведна војна.
Папата Лав XIV зборуваше за ова прашање на конференција во Ватикан посветена на практиката на исповедта, одржана на 13 март. Тој истакна дека исповедта, при која верниците ги признаваат своите гревови пред свештеник и бараат прошка од Бог, не само што им помага на поединците духовно да се очистат, туку придонесува и за мир и единство во општеството.
Според папата, вистинската самокритичност и духовна одговорност на лидерите се клучни за изградба на по праведен и помирен свет.
Филипче: Мицкоски е чувар на столчето за враќање на вистинскиот шеф – Груевски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

