Радев: Бугарија е земја на духот, повеќе од илјада години е еден од културните и духовните центри на Европа
Бугарија е земја на духот, која пред повеќе од илјада години станала еден од културните и духовните центри на Европа, истакна претседателот Румен Радев на отворањето на Меѓународниот форум за кирилица „Азбука. јазик. идентитет“, јавува БНР.
Иницијативата за конференцијата е на потпретседателката Илијана Јотова, а се организира со поддршка на Министерството за образование и наука на Бугарија.
Писменоста е таа што го чува нашиот идентитет, истакна Радев во својот говор:
„Мајчинот јазик е првиот, би рекол најголемиот подарок што го добиваме од родителите. Со текот на годините, силата на зборот нè учи на добро и на зло, го формира нашиот личен и колективен компас. Без чудото на буквите, генерации на блескавите умови би блеснале само во тесните рамки на своето време. Историјата безмилосно покажува дека силните народи исчезнале тогаш кога не успеале да си го зачуваат јазикот. Писменоста е таа што ја чува мудроста на генерациите, го чува нашиот идентитет, ја изразува различноста на луѓето и нациите. Ние, Бугарите, го чуваме ова посебно и силно и негувано чувство за нас. Во нашиот календар имаме единствен празник посветен на бугарската азбука, образованието и културата и на словенското писмо. Тие се длабоко вградени во нашата државност и институционалност“.