18 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Литванските власти соопштија дека откриле 6 килограми експлозив при полициски претреси ширум континентот, во рамки на голема истрага против руски операции насочени кон саботажа и терор во Европската Унија и НАТО.
Петнаесет лица се обвинети за учество во организирана мрежа поддржана од Москва, чија цел била предизвикување пожари и експлозии преку курирски служби. Според литванското обвинителство, групата имала врски со ГРУ – руската воена разузнавачка служба.
Истражителите открија дека осомничените, меѓу кои има државјани на Русија, Литванија, Латвија, Естонија и Украина, криеле импровизирани експлозивни направи со термит – високо запалива материја – во масажни перници и туби со козметика.
Некои од овие пакети експлодирале минатата година во Обединетото Кралство, Германија и Полска, додека биле транспортирани со DHL и DPD. Во Бирмингем, едно од пратките се детонирало во магацин на DHL, а друго било спречено поради технички дефект. Во Лајпциг, пакет предизвикал пожар во логистички центар, а во Полска едно возило за достава било зафатено од пламен.
Литванските обвинители истакнаа дека оваа операција е уште еден доказ за тоа како Кремљ ја користи саботажата и теророт како оружје против Европа. Покрај запленетите 6 килограми експлозив, властите потврдија и меѓународни потерници за тројца осомничени.
Некои од членовите на оваа мрежа се поврзуваат и со палењето на продавница на Икеа во Вилнус во 2024 година. Литванските безбедносни служби предупредија дека ваквите акции биле „генерална проба“ за потенцијални напади врз карго авиони кои летаат кон Северна Америка.
Овој случај уште еднаш ја потврдува важноста на членството на Литванија и останатите балтички земји во НАТО и ЕУ. Благодарение на тесната соработка на европските служби, операцијата е успешно разобличена и спречена навреме.
„Русија се обидува да внесе страв и нестабилност, но Европа е силна кога е обединета,“ порачаа од литванското обвинителство.
Додека Украина храбро се брани од руската агресија, Кремљ продолжува со хибридни напади врз целиот Запад – од дезинформации до терористички саботажи. Случајот во Литванија е само уште една потврда дека Русија претставува постојана закана за безбедноста на европските граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден