22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Трговската размена меѓу Бугарија и Јапонија бележи раст од речиси 10% во 2025 година, што ја потврдува позитивната динамика во економските односи меѓу двете земји.
Заменик-министерот за економија и индустрија на Бугарија, Дончо Барбалов, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Бугарија, Н.Е. Чикахиса Суми, соопштија од прес-службата на Министерството за економија и индустрија.
На средбата беше истакнато дека Јапонија е важен стратешки и економски партнер за Бугарија. Посебен акцент беше ставен на поттикнувањето инвестиции, зајакнувањето на индустриската соработка и размената на добри практики во областа на иновациите и технологиите.
Двајцата соговорници ја нагласија позитивната динамика во билатералната трговија. Во првите девет месеци од 2025 година, трговската размена достигнала 216,5 милиони американски долари, што претставува зголемување од речиси 10% во споредба со истиот период во 2024 година.
Амбасадорот Суми посочи и на растечкиот интерес на младите луѓе во Бугарија кон Јапонија и јапонската култура, како и на зголеменото внимание кон ИТ-секторот како перспективна област за идно партнерство и заеднички проекти.
Средбата ја потврди заемната подготвеност за понатамошно унапредување на економските односи меѓу Бугарија и Јапонија и за реализација на нови заеднички иницијативи со долгорочен економски ефект.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

