25 февруари 2026
• од Гоце Кически
Еден од најуспешните бугарски фудбалери, Димитар Бербатов, од денес е советник на службениот премиер Андреј Гјуров за прашањата поврзани со младите и спортот.
Во новата функција, Бербатов ќе помага при креирањето и спроведувањето политики насочени кон развојот на спортот, активниот начин на живот и поддршката на младите во Бугарија. Тој нагласи дека ја прифаќа улогата без надомест, воден од желбата да придонесе со своето искуство за долгорочна и одржлива спортска политика.
Како прв чекор, Бербатов започнува иницијатива за дијалог со спортската заедница. До сите лиценцирани спортски федерации ќе биде испратена анкета со цел да се соберат податоци за состојбата во различните спортови, проблемите со кои се соочуваат клубовите, како и за развојот на детско-јуниорскиот спорт. Собраните информации ќе бидат анализирани од стручни лица.
Според Бербатов, ваквата анализа може да стане темел за сеопфатна и долгорочна национална политика за спортот и младите.
Премиерот Андреј Гјуров истакна дека спортот не е важен само за здравјето, туку и за градењето карактер и силно општество. И Бербатов и Гјуров потекнуваат од Пиринскиот крај, што дополнително ја нагласува симболиката на нивната соработка во корист на младите и спортот.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

