Во Брисел полицијата удри во нарко картел
Во француското говорно подрачје Валонија и главниот град Брисел, се одржа операција во која учествуваа повеќе од 400 полицајци против организирана криминална мрежа за шверц на дрога.
Според телевизијата RTBF, во 40 претреси во Намур, Шарлероа, Лиеж, Монс, Турне, Брисел и низа други места во Белгија биле пронајдени марихуана, кокаин, оружје, големи суми пари, накит и лажни документи.
Откриени се седум насади со наркотична канабис. Приведени се 35 лица.
Според телевизискиот канал, федералната полиција го истражувала случајот неколку месеци.
Според информациите објавени од обвинителството во Намур, криминалната мрежа била структурирана да работи на различни нивоа. Некои членови на организацијата бараа места во Белгија каде може да се основаат тајни насади со канабис.
Друг дел од структурата се занимаваше конкретно со насадите: опрема, садење и нега на растенијата, берба, сушење и дистрибуција на големо во различни делови на земјата. И оттаму локалните криминални групи ја организираа продажбата на дрогата на мало.
Со оглед на обемот на овој криминален бизнис, надлежните го проценуваат неговиот комерцијален промет на неколку милиони евра.
Истрагата се базира на транскрипти од пораките што ги користеле криминалците.
Обвинителството и полицијата соопштија дека проучувањето на илјадници пораки во месинџерот овозможило да се идентификуваат неколку десетици осомничени - организатори и трговци.
По операцијата во средата, истрагата продолжува во нова фаза, при што полицијата ги анализира собраните докази и содржината на одземената опрема - телефони и компјутери, пренесе РТБФ.