Денеска е Преподобен Пахомиј Велики
Свети Пахомиј по род беше Египѓанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска.
Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон.
Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години. Во тоа време на Пахомиј му се јави ангел и му заповеди да подигне манастир, а му го даде и уставот на манастирот.
Овој изгради многу келии, кои набргу се наполнија со монаси. Подоцна свети Пахомиј изгради уште шест манастири и раководеше со духовниот живот на илјадници подвижници.
На многумина им беше пример во смирението, трудољубивоста и воздржувањето. Се упокои на свои 74 години, во 348 години. Свети Пахомиј се смета за основач на општожителното монаштво.