TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Атанасоски: Срамно е Косово, кое не е членка на ООН, да биде покането во Одборот за мир во Газа, а ние да останеме непоканети

22 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Од пораките дека „први го запоседнуваме теренот“ до реалноста во која Македонија останува надвор од новиот Одбор за мир во Газа, се наметнува прашањето дали домашната дипломатија си припишува преголемо и нереално значење во односите со Соединетите Американски Држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го формираше таканаречениот „Одбор за мир“ за Газа, со што официјално започна втората фаза од мировниот план за демилитаризација и обнова на појасот. Формирањето на Одборот се совпадна со почетокот на втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, со кој беше запрена војната во Газа. Од октомври 2023 година, според официјалните податоци, во конфликтот се убиени повеќе од 71.000 Палестинци, а над 171.000 се повредени.

Иницијативата е дел од план од 20 точки предложен од Трамп и усвоен од Советот за безбедност на Обединетите нации со Резолуцијата 2803 во ноември 2025 година. Во Одборот учествуваат влијателни политички и економски фигури, а покани за членство добија и низа држави од различни региони во светот.

Она што ја отвори дилемата во домашната јавност е фактот што Македонија не се најде меѓу поканетите, додека писмо од Белата куќа добија речиси сите наши соседи, меѓу кои Косово, Албанија и Грција. Ова доаѓа и покрај тоа што македонската држава во повеќе наврати застана зад САД и ги поддржа одлуките на администрацијата на Трамп при гласањата во Обединетите нации.

Контрастот е уште поголем ако се има предвид пораката што премиерот Христијан Мицкоски ја испрати по учеството на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во февруари 2025 година во Вашингтон, кога истакна дека „полека, но сигурно, новото нормално ќе се шири од Вашингтон низ целиот свет, а Македонија е меѓу првите што го запоседнуваат теренот“.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски оценува дека ваквиот развој на настаните ја доведува во прашање реалната тежина на тврдењата за „извонредни“ дипломатски односи со САД.

„Несфатливо е домашните институции постојано да се фалат дека САД, претседателот Трамп и неговата администрација се наш прв стратешки партнер, а на крајот на денот да бидеме изиграни и да останеме надвор од една ваква важна иницијатива за обнова на Газа“, вели Атанасоски.

Според него, се отвора суштинска дилема: дали нашиот стратешки партнер воопшто не се заморува премногу со Македонија како држава, или пак домашната дипломатија си дава преголемо, нереално значење, убедена дека сме во најблискиот периметар на американските интереси.

Во однос на фактот што Косово доби покана, аналитичарот смета дека тоа само по себе не е „болка за умирање“, но сепак е симптоматично.

„Загрижувачки и срамно е едно Косово, кое не е членка на ООН, да биде покането како држава, а ние, кои се претставуваме како важен стратешки партнер на САД, да останеме надвор“, нагласува Атанасоски.

Тој додава дека вистинската причина за грижа не е само конкретниот Одбор за мир во Газа, туку пошироката слика: блокираните европски интеграции и назадувањето на државата по речиси сите параметри на општествениот и државно-правниот развој.

Од Обединетите нации, пак, потенцираат дека новоформираниот Одбор има мандат исклучиво да работи на плановите за Газа. Сепак, за македонската јавност останува отворено прашањето дали непоканувањето е случајност или сигнал дека реалната позиција на земјата во меѓународните односи е послаба од онаа што официјално се претставува.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
22 јануари 2026

Данска премиерка: Подготвени сме за разговори со САД, но не и за отстапување територија

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Давидовиќ: Пронајдените 350.000 евра во Неготино се од продаден имот за фотоволтаици

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

СДСМ: Оската Мицкоски–Орбан–Вучиќ ја турка Македонија во изолација и медиумски мрак

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Граѓаните ќе ја следат потрошувачката на струја во реално време преку мобилен телефон

СВЕТ
22 јануари 2026

Демирај: Аркан повторно маршира – српско-македонскиот фашизам на улица, Албанците во молк

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија поканета, С. Македонија изоставена од „Одборот за мир“ на Трамп

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Али Ахмети: Бугарите во Уставот се чекор кон стабилност и европска иднина

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

С. Македонија пред ризик од изолација: новите правила на Шенген се закана за транспортниот и челичниот сектор

СВЕТ
22 јануари 2026

Австрискиот бизнис ја гледа Бугарија како стабилна и перспективна инвестициска дестинација

СВЕТ
22 јануари 2026

Со 10% расте трговската размена меѓу Бугарија и Јапонија во 2025 година

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

19-годишна девојка прегазена на скопски булевар

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Дел од приградските автобуси на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинации

МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Аналитичарот Атанасоски: Бугарија се користи како алиби за внатрешните неуспеси

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија го зацврстува сојузништвото со САД со потпишување на иницијативата „Одбор за мир“ на Доналд Трамп

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
22 јануари 2026

Мал број млади работат за време на образованието, покажуваат европските податоци

СВЕТ
22 јануари 2026

Изгореле канцеларии на српското обвинителство каде се чувал предметот „Настрешница“

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарски војници нема да учествуваат на НАТО-вежба во Гренланд

СВЕТ
22 јануари 2026

Бугарија започнува важни проекти за модернизација и зајакнување на одбраната

ВРЕМЕ
22 јануари 2026

Синдикатите најавија протест: Бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
22 јануари 2026

Пеевски: Бугарија треба да се вклучи во Советот за мир на Трамп

ДРУГО
22 јануари 2026

Денеска 22 јануари 2026 година се празнува Светиот маченик Полиевкт

СВЕТ
21 јануари 2026

Доналд Трамп: Бог е многу горд од тоа што го направив

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега