22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје“ кои сообраќаат на приградските линии во Скопје не сообраќаат до своите крајни дестинации, информира **Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Станува збор за мал број автобуси на линиите 11, 64, 74, 80 и 81, кои во моментов не ја извршуваат целосната траса. Конкретно, тоа се линијата 11 од село Рашче до Транспортниот центар, линијата 64 од Никиштани до Транспортниот центар, линијата 74 од Долно Количани до Транспортниот центар, линијата 80 од Маркова Сушица до Транспортниот центар, како и линијата 81 од Блаце до Транспортниот центар.
Во информацијата што ЈСП „Скопје“ ја доставило до ЦУК не се наведени конкретните причини поради кои овие автобуски линии не сообраќаат до крајните станици. Податоците се објавени во рамки на утринскиот извештај на ЦУК за состојбата со временските услови и врнежите од снег во државата.
Инаку, од ЈСП „Скопје“ неодамна најавија можност за привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за снег во Скопје, со цел безбедно и ефикасно одвивање на јавниот превоз.
Од надлежните институции апелираат граѓаните редовно да ги следат официјалните информации и известувања за евентуални промени во сообраќајот и јавниот превоз.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

