15 април 2025
• од Вардарски
Во моменти на голема човечка болка, кога цели семејства тагуваат, кога тишината на загубата го голта секој збор, единствено што останува е одговорноста. Но таа, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ), во нашата земја сè почесто станува заборавен збор.
„Во Република Северна Македонија постои традиција која низ годините неколкупати покажа дека кога институциите ќе потфрлат, моралната одговорност не се избегнува – таа се прифаќа, со исправен грб и со понизност пред народот“, стои во соопштението на партијата.
ДУИ потсетува на неколку клучни примери од нашата понова историја:
Но денес, велат од ДУИ, кога над 60 млади животи згаснаа во трагедија која директно требаше да биде спречена од Министерството за внатрешни работи, нема ниту оставка, ниту морална освестеност. Ниту министерот, ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не презедоа одговорност. Наместо тоа, со ароганција се брани неуспехот, а вистината се затскрива со обвинувања и притисоци врз истражните органи.
„Ова не е само морален пад на индивидуи – ова е огледало на власт што одамна заборавила што значи служба за народот,“ се вели во соопштението. „Кога институциите немаат капацитет за самопречистување, тогаш народот е тој што ќе го бара последниот збор – и тој збор е: правда.“
ДУИ нагласува: одговорноста не е збор на прес-конференција, туку чин. Граѓаните бараат правда – политичка, институционална и морална. Бараат вистината да не биде уште една жртва.