10 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократска унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на Националната стратегија за развој на културата, промовирана од Министерството за култура, оценувајќи дека документот не придонесува за соживот, туку создава поделби и системска исклученост.
Од партијата посочуваат дека наместо еднаква застапеност на сите етнички заедници, стратегијата покажува селективен пристап кој директно ја маргинализира албанската култура. Според нив, ваквата политика не е случајна, туку претставува свесен модел на одлучување што води кон дискриминација.
Особено загрижувачки, како што велат од ДУИ, е предвиденото затворање на Музичкиот ансамбл во Тетово. Од партијата нагласуваат дека станува збор за институција која има длабоко културно и идентитетско значење за Албанците.
„Да се затвори овој ансамбл значи директно да се удри врз нашата култура и достоинство. Неговото затворање не е само административна одлука, туку директен удар врз албанскиот културен дух“, се наведува во реакцијата.
ДУИ ги отфрла образложенијата за „ограничени капацитети“, оценувајќи ги како неосновани и лицемерни. Според нив, ансамблот е резултат на јасна политичка визија, со веќе обезбедени средства, отворени работни места и изградена институционална основа која барала само континуитет.
„Денес, наместо развој, имаме саботажа“, велат од партијата.
Дополнително, од ДУИ обвинуваат дека институциите намерно го довеле ансамблот во состојба на нефункционалност преку блокирање на вработувањата, дури и во случаи кога биле обезбедени финансиски средства.
„Прво ги блокираа вработувањата, а потоа истата состојба ја користат како алиби за затворање. Ова не е лошо управување – ова е стратегија за негирање и исчезнување“, посочуваат од партијата.
ДУИ смета дека ваквите политики претставуваат директен удар врз институциите кои ја негуваат и одржуваат албанската култура. Воедно, ја критикуваат и владејачката ВЛЕН, обвинувајќи ја дека наместо да ги брани културните интереси на Албанците, активно придонесува за нивна маргинализација.
„Додека еден вистински културен ансамбл се затвора, ВЛЕН изведува друг ‘ансамбл’ – оној на политички конформизам, каде главната улога е молкот пред неправдата“, додаваат од ДУИ.
Според нив, институциите што ја одржуваат културата жива се гаснат во тишина, а Музичкиот ансамбл во Тетово не е само институција, туку симбол на наследство, идентитет и колективна гордост.
Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

